Адвокатот Еленко Миланов во завршниот збор за настаните од „27 април“ му постави неколку прашања на судијата ИлијаТрпков за тврдењата на обвинителката Русковска за членот 80 став два од Деловникот не е во спротивност со член 78 став 2 што според неа овозможува единствен претрес за меѓусебно поврзани точки од дневен ред. Или што ќе рече, дискусијата за избор на членови на Комисијата за избори и именувања да тече истовремено со избор на претседател, нагласувајќи дека Деловникот е устав за работата на Собранието како што е Законот за кривична постапка за Кривичниот суд.
Адвокатот Миланов на судијата Трпков му рече:
Ќе ги ставам под нозе целото мое правничко знаење и 30-годишно искуство и ќе ви предложам еднен непристоен предлог. Ајде да ги прекинете овие завршни зборови и оваа постапка да ја споите со кривичната постапка за осудените од 27 април за која е веќе објавена пресуда, но сѐ уште не е изготвена. Почитуван судија, ќе го прифатите овој непристоен предлог или ќе го гледате како несериозност од моја страна, праша Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.