Адвокатот Еленко Миланов во завршните зборови истакна оти докажале обвинетите немаат дејствија на сторување на кривичното дело ниту пак постојат докази .
Според него, постапката не смееше ниту да почне и да биде водена ако се знае законот за амнестија кој е прогласен со Указ на претседателот Иванов. Според тој закон, се ослободуваат од кривично гонење лицата за кои постои сомневање дека сториле кривично дело со настаните во Собранието.
По сила на закон ова обвинение не смееше да ја здогледа светлоста на денот ,ниту пак да биде покренато.Не смее да има различен третман на различни лица за ист настан-потсети Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.