Адвокатот Еленко Миланов во гостувањето во телевизија 24 го коментираше прекршувањето на Законот со затворање на истрагата пред да им се даде на осомничените право да да дадат исказ во врска со случајот „Рекет“. Тој коментира дека ова не е прв пат бидејќи истото се случувало и во СЈО, а сега она што го правела Катица Јанева го прави некое друго обвинителство.
Не е прв пат да се прави вакво прекршување со тоа што ќе се затвори истрага пред да им се даде на осомничените право да дадат исказ или да се произнесат на кој било начин. Истото се случуваше и во СЈО. Огромен број обвинети во предметите не беа воопшто сослушани. Тие беа повикани по нивното барање да направат увид во списите на предметот, никогаш повеќе не се повикани да дадат свој исказ и добија известувања за завршени истраги и се поднесени обвиненија. Така што она што го правеше Катица Јанева очигледно сега го прави некое друго обвинителство, вели Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.