Каква е оваа фарса и оваа глума, го запраша адвокатот Еленко Миланов судијата Душан Јосифовски во завршните зборови за случајот со насилствата пред општина Центар.

Миланов истакна дека и во старото и во новото обвинение не се докажало дека Миле Јанакиески го сторил делото за кое се терети.

Тој е татко на три деца и не е инволвиран во било какво насилство. Како ќе го обвините за нешто што не се случило? Во овој случај господине судија вам ви е подметнато кукавичко јајце за кое треба да одлучувате, рече адвокатот.

Следуваат завршните зборови на обвинетиот Миле Јанакиески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.