Посетата на министерката за образование на Косово, Арбрие Нагавци, која престојуваше во официјална посета на земјава, остана без нормален превод на нејзиниот говор, по што таа мораше да се обрати на англиски јазик.
По средбата со својата македонска колешка, Мила Царовска, косовската министерка се појави на заедничка прес-конференција каде што на дело се виде македонската непрофесионалност.
Нагавци се обрати на својот мајчин албански јазик, а преводот на македонски беше толку лош што дури и таа разбра со каков преведувач си има работа, по што одлучи говорот да го продолжи на англиски, за сите да разберат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.