Најпромовираниот проект на Зоран Заев, Мила Царовска, моментно на позиција министер – реформатор на образованието за потребите на Заев, мува не ја лази за учениците, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
За неполна година, Мила Царовска фрли пари во ветер за домашна платформа која што никогаш не профункционира. Училишната година започна цел месец подоцна. Онлајн наставата ја следат на почеток само 80% од децата- потоа ги менуваа податоците – но сепак 20.000 деца се вон образовниот процес! 20.000 деца- ученици се вон настава! На тоа, од полугодието бунт кренаа матурантите! Нивната бројка е околу 17.000 ученици матуранти! Голем дел од нив бојкотираат настава! А Мила Царовска си тера проектчиња и маркетинг, вели Стоилковски.
Според Стоилковски, владиниот прескап пиар и стои на располагање за дефокус дека над 15.000 матуранти се пријавиле за полагање на матурата.
Е па слушајте убаво. Тоа што децата- матурантите се пријавиле за полагање, тоа не значи дека не се против вашиот концепт и не се противат на вашите лаги. Напротив, тоа се деца кои што сакаат да учат, но не ги прифаќаат вашите лаги и манипулации. За што се работи, наставата почна подоцна, програмата им беше скратена, многу материјали беа отфрлени и заради скратените онлајн часови. А Царовска сака да ги оценува на матура на сиот нескратен материјал по четири предмети, иако им вети дека ќе биде според тоа што имало време да им се предаде во тие скратени часови, плус еден месец помалку, вели Стоилковски.
Сумирано сето заедно, проектот на Зоран Заев, реформаторката со политичка агенда за рушење на образованието, мува не ја лази што 20.000 деца не следат настава.
Мува не ја лази што 17.000 матуранти се против предложениот начин на полагање матура. Ниту се секира како ќе продолжат оние 20.000 деца кога училиштата ќе се отворат, ниту како ќе минат оние матурантите понатаму? Ниту е загрижена дали и колкав број на матуранти се откажале од полагање матура заради нејзиниот инает и лажење, па наместо да продолжат на факултет со државна матура, сега би полагале завршен испит или училишна матура само по два предмета? Проектот на Заев, Царовска мува не ја лази за проблемите на вкупно 37.000 ученици, ниту за основци, ниту за средношколци, ниту за матуранти- идни студенти, ниту за ништо. Единствено за што се грижи е како да исполни барањата од Заев, за укинување, бришење на историјата од образовниот процес, а наместо неа таа да воведе плетење и везење. Проблемите на 37.000 ученици значат проблеми на над 30.000 семејства, кои што мака мачат да обезбедат корка леб за своите деца. Многумина од нив се од оние 55.000 кои што останаа без работа. Проектот на Заев Царовска единствено што прави е само посочување на децата, својата иднина да ја гледаат надвор од Македонија, истакна тој. Е па време е, сите заедно, наместо на децата, да и го покажеме патот на Проектот Царовска надвор од Министерството за образование, порача Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.