Вицепремиерката за економија, Мила Царовска експресно се јави со демант, откако денеска беше спомената на судењето за Меѓународниот сојуз од страна на Бојан Јовановски и истовремено најави и тужба за клевета.
Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета.Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки, напиша Мила Царовска.
Инаку, Бојан Јовановски на денешното судење ги откри имињата од власта кои го поддржувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврдеше дека тоа бил одржлив проект кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата.Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.
Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.
Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.