Судот го прифати барањето на Обинителството Сашо Мијалков да одиво истражниот затвор „Скопје“, односно мерката куќен притвор му се заменува со ефективен притвор.
Построга мерка за обезбедување побара обвинителката Ленче Ристоска, откако денеска Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Тој во затворот „Шутка“ ќе биде спроведен од неговиот дом.
Во образложението Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
– Во текот на вчерашниот ден се добиени известувања од МВР и БЈБ согласно кои тие не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, преку Европол потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој во Прага и регистрирани две возила на свое име. Исто така, тој е добро ситуиран има свои компании, како и оти компании имаат и членови на неговото семејство. Поради ова тој може да си дозволи да живее сосема комфорно во бегство, изјави Ристоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.