Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“, понудил гаранција од 7,5 милиони евра за да се брани од слобода, односно за да излезе од „Шутка“, дознава „Фокус“ од свои извори.
Засега, како што велат информациите на „Фокус“, обвинителството се уште не дало мислење по барањето, но сумата е доста висока, односно можеби и највисока која е понудена досега, поради што и се шпекулира дека е можно да се очекува согласност. Одлуката за тоа дали Мијалков ќе излезе на слобода за неколку дена треба да ја донесе совет во Кривичниот суд.
Во меѓувреме, пренесува порталот, по поднесената гаранција, адвокатите на Мијалков ја повлекле жалбата доставена до Апелација, со која се жалеа на одредениот притвор до правосилност на пресудата за случајот „Трезор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.