Обвинетиот Сашо Мијалков реагираше во Судот на барањето на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи Судот да му одреди притвор поради опасност од бегство. Тој кажа дека ваквите тврдења на Фетаи без да понуди ниту еден доказ за тоа се само шпекулација.
Фетаи побара од Судот да му одреди притвор на Мијалков затоа што како што рече Врховниот суд ќе му го укине куќниот притвор како што ги ослободи останатите осомничени во Империја.
Мојот стил на живеење и однесување не е бегството. Ако Апелација ја потврди пресудата, тогаш јас ќе заминам на извршување на казната. Не сум човек кој бега. Никогаш нема да побегнам – Ваша е одлуката рече Мијалков пред Судот.
Од моето однесување досега, нитусо еден мој гест, ни постапка не сум дал ниту мала индиција дека сум помислил, а не пак да планирам такво нешто“ рече Мијалков.
Неговите адвокати исто така побараа од Судот да не му одредува притвор, затоа што тој веќе е во куќен притвор за друг предмет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.