Сашо Мијалков и неговите адвокати најавија дека денеска ќе ја искористат законската можност и ќе поднесат жалба до Врховниот суд, идентично како во случаите со бизнисменот Орце Камчев и другите осомничени во случајот „Империја“, откако вчера судиите на Апелациониот суд во Скопје одлучија да го прифатат предлогот на СЈО и да му го продолжат притворот.

Денеска врховните судии одлучуваат дали да ја прифатат жалбата на адвокатите на Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ за тие да излезат од куќен притвор бидејќи мерката им е побарана од неволастен тужител и надвор од рокот.

Во „Империја“ осомничени се гонат дека направиле злосторничко здружување, оштетиле доверители, ја злоупотребиле службената положба и овластувањето, мамеле и переле пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.