Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“, во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.
Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.