Министерството за внатрешни работи издало потерница за Сашо Мијалков откако не можеле да го пронајдат, но екипата на ТВ21 го забележале обвинетиот во „Таргет-Тврдина“ вчера, недела, околу 14 часот во кафе барот „Дистрикт“ во хотелот „Мериот“.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа. На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по десеттина минути да го напушти хотелот. Екипата на ТВ21 остана во Дистрикт, а до крајот додека бевме таму, тој не се врати, велат од ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.