Кандидатот за градоначалник на Куманово Тони Михајловски објави видео во кое тој разговара со неговиот син Александар.
Синот го прашува татка си што му требаше да се кандидидира за прв човек на Куманово.
На тоа Тони му одговара дека за некои работи е потребно време за да ги оснознаеш и да размислиш кои се приоритетите во животот и оти не сака да живее во конфорна зона.
Ако на другите не им е добро и нам нема да ни биде добро.Овде ми е и срцето и душата, овде сум се родил овде сум израснал.Зошто ние да сонуваме за некои други земји , за некои други градови. Зошто сето она што му треба на Куманово да не го направиме.Со седење на страна ништо не можеш да направиш обвинувајќи ги други дека се виновни. И ако даде господ Кумановци ќе одлучат да биде се како што треба.Мислам дека имаме шанса од Куманово да направиме пристојно место а од кумановци среќни луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.