Најголема закана за нашето постоење се лошите анекси на овој договор што се потпишаа во времето на независна Македонија. И сите на штета на Македонија и Македонците, смета актерот и член на ВМРО ДПМНЕ Тони Михајловски.
Парталењето на Македонија со договорот во Букурешт, 10.08.1913
Вардарскиот дел успеа да преживее и да ја добие со векови посакуваната слобода. Во него за прв пат, после вековни тирании и насилни асимилации, слободно се зборува на македонски и народот може да се изјасни слободно како македонски народ.
Тоа е единствениот дел што ни е вратен 1945, и воедно е најголемиот и највредниот добрососедски чин кон Македонија и Македонците.
Другите два дела не ги бараме, и секако немаат намера да ни ги враќаат. Договорот од Букурешт е неограничен со време и се уште е на сила. Па сепак и покрај него сме преживеале. Што значи дека тој одамна не е закана за нашето постоење.
Најголема закана за нашето постоење се лошите анекси на овој договор што се потпишаа во времето на независна Македонија. И сите на штета на Македонија и Македонците.
Промена на знаме, привремена референца во името, рамковен договор, територијална поделба, двојазичност, преспански, промена на име, добрососедски.
Поделба до поделба. Како казна. Како проклетство, пишува Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.