Јас од 2002 година имам партиска книшка, не сум класичен политичар, мотивот ми е да покажам дека градоначалникот не треба толку да е политичар, колку што треба да е заштитник на градот и граѓаните, треба да ги направи посреќни, побогати. Куманово не треба да биде бастион на ниедна политичка партија, треба да е бастион на сите, тоа ми е мотивацијата. Прекрасна мулти-култи општина. Не може во канцеларија во Скопје да се направи програмата за Куманово, имам максимална слобода, со граѓаните во директен контакт ги добивам идеите. Се враќам дома (во Куманово), има 130.000 жители, 1988 година дојдов да студирам во Скопје. Злите усти кои сега се отвораат дека не сум кумановец и дека не ѓивеам во Куманово – јас постојано сум таму. Куманово е преполно со диви депонии, има сообраќааен метеж, нема еден парк, нема ГУП 20 години, се градело без парк. Нема нови школи. Нема ниту една катна гаража“ – вели Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на Куманово на ВМРО-ДПМНЕ во Студио 10 на ТВ24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.