Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, заедно со кандидатите за советници и носителот Елена Доцевска Божиновска во вторникот и средата ги посетија домовите на граѓаните од Урбаната заедница Благој Стевковски Гојчо, поточно реонот на популарната „Карап Маала“ и зградите до средното Економско училиште.

На граѓаните им ги презентираа своите проекти предвидени во четиригодишниот мандат за овој регион на градот, како зголемувањето на капацитетите на детската градинка, зголемувањето на зелените површини со нови маалски паркови, обнова и димензионирање на ефикасна атмосферска, канализациона и водоводна мрежа, пред се замената на азбестните водоводни цевки и решавањето на атмосферската канализација на „Октомвриска револуција“, дооформувањето на спортско рекреативниот центар кај Спортската сала  и запирање на урбаното дивеење.

Воедно граѓаните искажаа задоволство од приоритетните проекти предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како развојот на Технолошко индустриска развојна зона во с. Речица, продложувањето на булеварот „Октомвриска револуција“ и негово поврзување со автопатот, бесплатниот приклучок на гас за сите, изградбата на пристапни рампи и пристапни патеки во сите институции, кружните текови и катните гаражи за решавањето на сообраќајниот хаос.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.