Црна се чума зададе.
Неспособна патолошка елита, заслепена од сопственото блескање направи од Македонија црна дупка за која се препорачува да се избегне по секоја цена.
Создадоа троимено Ништо во кое владее глупоста, незнаењето, омразата, поделбата, криминалот, неправдата, простотилакот, и Ковид-19.
Не само што нема да сакаат да влезат во оваа црна дупка, не само што ќе не заобиколуваат, туку ќе ни забранат и да излеземе од неа. Ќе не пломбираат.Како да сме зомби резерват, или карантин држава со вирус на власт. Не е исклучено сите заразени во светот да ги сместат и изолираат овде.
Додека гледаме како сите влади, народи и земји се справија со пандемијата, или навистина ја имаат под контрола, ние не знаеме кој бран не дави и до кога ќе трае оваа агонија.
Ама затоа гледаме дека ги поминуваме сите кругови на пеколот, со сите катови, демони, џинови, полјани и појаси и сега треба само да се спуштиме низ грбот на ѕверот, и готово, спасени сме, пишува актерот Тони Михајловски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.