Од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) велат дека младите го препознаваат искрениот, отворен и чесен пристап на СДСМ во градењето на квалитетни младински политики.

Како што порача претседателот на СДММ, Марко Михаиловски, затоа СДСМ и СДММ растат секојдневно, а младите се приклучуваат кон големото социјалдемократско семејство.

СДСМ е партија во која се слуша гласот на младите, се следат нивните потреби. Нивните барања и сугестии се претопени во политиките на нашата партија, која е заедничка, наш дом, наше семејство!

Досега над 50.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ, а илјадници граѓани веќе се приклучија. Од нив над 30% се млади до 29 години.

Овие млади луѓе СДСМ ја препознаваат како најсилна, најмодерна и најдинамична партија – партија, којашто во главниот фокус ги става интересите на младите, креирањето услови и амбиент за секој млад човек, својата иднина да гради тука, во државата кадешто е роден, овде во својата татковина да ги живее европските вредности.

Токму тоа го нуди СДММ во отворен инклузивен процес со малди луѓе од сите краишта на нашата држава.

Со одговорните, наверемени и ефикасни економски политики на СДСМ се намалува младинската невработеност, се инвестира повеќе во иновативниот и претприемачки дух на младите, се отвораат повеќе можности за секој млад човек.

Тоа се дел од причините поради кои довербата кон СДСМ и СДММ постојано расте, што нашето членство секојдневно се зголемува.

Како одговорна, европска и модерна младина, продолжуваме да градиме и реализираме мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на секој млад човек во нашата држава – порача Михаиловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.