Замислете, во Шведска признаваат и политичарите и епидемиолозите дека погрешиле со стратегијата за епидемијата.
Замислете во Мк некој утре да искочи, дали Филипче, дали ЗокидеменаизбориЗаев, дека иако добро почнавме, епски се сјебавме во 90-та минута и сега ќе играме продолжетоци до септември.
Лажат и понатаму со бројки и тоа е евидентно, и понатаму арбитрарно тестираат, дури и тајно тестираат функционери, пошто очигледно е дека здравствената криза комплетно ја запоставија и се изгубија во партиските интереси.
Сега едно знаеме сигурно, Зоки ќе турка на избори секако, сам ќе си гласа-сам ќе си брои, излезноста ќе биде очајно мала, а злоупотребите огромни.
Од септември веќе знаеме што не чека, пошто не се долечивме, ќе имаме експлозија и тоа повторно е одговорност на оваа власт, а не нејзин аргумент за избори.
Ќе влеземе во сезона на грипови и огромна загаденост со веќе заразена популација, ќе си се дотепаме, кога со малку политичка зрелост и воздржување, ќе можевме да се ослободиме од короната.
Шведска, немири, здраво….- напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.