Уште чекате и се плашите да покажете лице и да дадете изјава за јавноста, си продолжувате со глупиот твитер ПР и почнавте со вашите ботови и платеници да релативизирате како немате одговорност, да ја префрлувате повторно топката на критичарите како биле бесчувствителни и погрешни, реагира Ивор Мицковски, откако сè уште никој од одговорните не се обрати јавно и не излезе пред јавноста.
Знаеме дека немате храброст за оставка, знаеме дека не гледате морален хазард, знаеме дека ќе се вадите и за тие бараки на смртта кои ги купивте од Кочо и за сите попратни нефункционалности и одговорности.
Сега на ваша кожа го чувствувате притисокот на јавноста од која бевте дел кога и вие бевте гласни за Стајковци или за Тодоров кој ви стана после партнер. Тогаш баравте одговорност, тогаш викавте и кубевте коси, политички профитиравте и добивавте гласови на лажната грижа.
Тогаш тоа беше исправно и сега е исправно да бидете доследни.
Преземете одговорност, ова нема да ви го заборави никој, им порача Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.