Аналитичарот Ивор Мицковски, вели дека по бугарското вето сосема е разобличено катастрофалното владеење на Зоран Заев, за кого очекува да ја продолжи истата приказна со лаги, ветување некој нов, кој ли по ред, сигурен датум

По бугарсково вето Бучковски ја има најнекорисната функција на светот.
Али па кога ќе видиш убаво, он и Љупчо веќе одработија.

Заев е, сепак, најголем шампион, што испадна тотален мајмун, потпиша договор што не вреди пет пари, се избрука пред цела држава со своите капитулантски и неписмени ставови и сега може да се слика со европските награди.

Цел наратив да ти пропадне и да не чувствуваш одговорност, тоа е доста дрско.

По француското вето плачеше дека е разочаран, организираше предвремени, брзаше пред да се открие што направил со Бугарите.
Сега, пак, истата прича ќе ја тераат, ќе ветуваат некој нов, кој ли по ред, сигурен датум.

Ооо симплификатори и прости души, се утепаа од лажење, напредок не видовме, кризава ја одработија катастрофално, влеговме и во рецесија.
Би можело слободно да се каже дека ова се најлошите 100 дена на една Влада, што може да му се случат на еден народ и на една држава – пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.