Активистот Ивор Мицковски остро реагира на изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој порача дека „Контакт со вашата мајка е идентично опасен како доаѓање на попишувач“.
Добро, дали е нормално да се даде вака простодушна изјава, да се направи вака сурова и емотивно неинтелигентна споредба.
Повеќето се гледаме со нашите родители многу ретко, внимаваме цела година, ја имаме сведено секоја средба на минимум.
И некој сака да ми каже дека таа жртва е пичкин дим и ја треба некого со леснотија да примам.
Па пораката е сосема спротивна, ако веќе се воздржуваме да ги видиме најблиските, дополнително помалку треба на некој непознат да му отворам.
Не сте токму, политичките агенди ви се пред човечките состојби и емоции, пред нивното здравје и односи, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.