Државата бара солидарност од граѓаните за короната – пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Понатаму во неговиот статус тој напиша:
Бараат пари во суштина.
Ама ние веќе сме солидарни со тоа што си ги плаќаме нашите даноци, казни ако згрешиме, и така натака.
И после каде одат тие пари, одат по џебови или во ветер.
Како дополнително да бидеме солидарни со државата која е партизирана и сите дилови ги прави по етнички или партиски клуч.
Како, кога ослободува криминалци или ги остава да избегаат, вади од затвор луѓе за гласови, амнестира, остава локални моќници со државни или општински пари да се иживуваат врз сите нас.
Солидарноста подразбира да сме еднакво слободни, не идентични, но вие парите си ги делите меѓу идентичните на вас.
Солидарноста не бара Влада која за себе мисли дека е многу етичка, не бара ниту државници, туку слободни институции способни да проектираат како најдобро ќе се подели народниот денар и како ќе ги даде под општествено-социјални услови кои ќе создадат уште поголема политичка и економска слобода.
А целата политика држи народ во мизерија и го лаже со ситни трошки.
Ве видовме каков поткуп направивте пред избори, од администрација, до фирми, медиуми, сега и невладини со соучесништво на ваши невладини.
Треба вие прво да сте солидарни и одговорни, па после да претендирате солидарност и одговорност – пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.