За овој криминал со Холидеј Ин (еден од илјада, но мошне конкретен и симболичен) граѓаните ќе имаат златна шанса да ги казнат актуелните власти за помалку од пола година, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.
Тој смета дека во скопската општина Центар на следните локални избори нема да се кандидира актулениот градоначалник Саша Богдановиќ, но, како што вели Мицковски, за жал, не може тоа да се каже за Град Скопје.
За Центар сум сигурен дека нема да се кандидира актуелниот градоначалник, нешто што за жал не можеме да го кажеме и за Град Скопје. За Центар верувам дека ќе се појави некоја трета или граѓанска опција и се надевам дека ќе се има храброст и капацитет истото да се случи и за Град Скопје.
Доколку тоа не се случи и доколку не ги изгласаме кој и да бидат третите опции, тогаш си го заслужуваме овој режим после режим.
Потоа ќе дојде редот и на оваа катастрофална Влада, но да идеме чекор по чекор.
Ќе мора и ние граѓаните малку да се активираме, ама клучно е да се има некаква понуда или опција, тоа е работа на тие што се политичари или имаат такви амбиции.
Оваа наша апатија и оваа нивна ароганција повеќе не се трпат, вели Мицковски.
За овој криминал со Холидеј Ин (еден од илјада, но мошне конкретен и симболичен) граѓаните ќе имаат златна шанса да ги…
Posted by Ivor Mickovski on Saturday, 10 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.