Гледам прес на хрватскиов национален кризен штаб за Ковид.
Се седи и се збори саат време, се примаат секакви прашања од новинари и се одговара темелно.
Нема правдање, нема бегање од одговорност, си признаваат дека згрешиле што инвестирале во АстраЗенека, дека слабо им оди вакцинација, но имаат план и решенија.
Овде сомнежи за криминал во набавка на вакцини, никаков процес на вакцинација, секој месец нови ветувања за вакцини на крај на месец, лага до лага, и наместо сериозност, само дрски деманти, бегање од одговорност и правдање дека други го рушеле процесот на вакцинација.
Абе просто е, тој што владее криминално, криминално ќе владее со секој процес. Тоа е.

Вака аналитичарот Ивор Мицковски ја коментира борбата на македонската власт против пандемијата која го зафати светот. Додека цел свет се вакцинира, Македонија се уште нема набавено вакцини. Се отвори сомнеж дека Кина ги напуштила преговорите за вакцини зошто премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче користеле фантом-фирма за преговори, открива „Ла верита“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.