Секој пат истото.
Мора јавноста да се вџаши, да полуди, жртвите двојно да страдаат и да истапат во јавност каде добија поддршка, но и плус навреди, самата власт и институции треба да сфатат дека од ова нема лесен излез со неправање ништо – за конечно некако да се постапи.
И видете денес, за два дена резултати.
Значи се можело, ама не се сакало.
А со таа изгубена година што правиме, со нанесената болка и стигми, со претрпениот стрес и повреда на достоинство?!
Ништо така?!
Кога организации и поединци предупредуваа, кога жртви ви истапиле, не мрднавте со прст.
Не може да реагирате кога само вие ќе се осетите загрозени и за изгубеното време должите одговорност.
Бевте соучесници предолго и вака се уште сте – вака аналитичарот Ивор Мицкоски ја коментира последната изјава на премиерот Зоран Заев дека се приведени две лица за случајот „Јавна соба“.
Јавна соба на јавноста и е позната веќе цела година. Но, и по една готина девојки се жртви на лица кои злоупотребуваат нивни фотографии, броеви и податоци. Јавноста неколку дена повторно се разбранува, особено по искреното сведочење на девојка од Кавадарци чија фотографија во костим за капење се нашла во групата на Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.