Ивор Мицковски, политички аналитичар и поранешен член на СДСМ на Фејсбук ја коментира последната одлука на Владата со цел да се справи со хаосот во здравство.

Од утре Армија ќе обезбедувала болници. Онака невооружени, само со свирче.
И ова е генијалното решение после прогласување кризна состојба, кога во реалноста ни требаат ресурси, здравствени лица, кревети и опрема.
Тргнаа во кампања против приватното здравство, кое секоја политичка структура го има фаворизирано, само да се оправдаат зошто јавното здравство не функционира.
И што направија, целата керефека заврши со нови 100 кревети, и неколку војници околу болниците.
Прави генијалци, изместија внимание, се оправдаа дека нешто прават, а во реалноста и во јавното здравство, ништо не е подобрено, вели Мицковски.

Од утре Армија ќе обезбедувала болници. Онака невооружени, само со свирче.
И ова е генијалното решение после…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 25 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.