Власта е во стадиум на жртва, секој контакт со реалноста е изгубен, смета активистот Ивор Мицковски. Според него за владејачката партија најпаметно ќе биде да престане да ги плаќа оние ботовите на твитер.

Потоа да тргне кон гасење на платеничките квазиновинари и сите што одработуваат по портали или социјални мрежи.
Голем дел од штетата ви доаѓа од таа расипана и нефукционална машина за лажен наратив кој никаде не пали, напротив, очајно базди на омраза, лаги, хајки и шикањирање.
Да не збориме колку тезите се празни и навијачки: откачете ги и советниците кои ви ги формулираат и дистрибуираат.
Излезете од црнилата и престанете да обединувате платеници и полтрони.
Но, водата во уши е дотаму влезена што веќе се во лов на вештерки и продолжуваат да обвинуваат независни луѓе за нивните гревови.
Они се во стадиум на жртви, а тоа значи дека секој контакт со реалноста е изгубен, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.