Oва се вика воено профитерство, нема друг термин за вашето неодговорно однесување, oстро реагира активистот Ивор Мицковски по веста за донацијата на Зоран Заев составена од амбулатно возило за струмичката болница, за што свика и прес-конференција.
Донација амбуланта од семејство Заеви – владее фамилија или државата со оваа земја?!
Како може од буџетски резерви да се вадат експресно средства за фудбалерите, кога за амбуланта која е 5% од вредноста се немаат пари?!
Значи дека државата ти служи за популизам, и семејните донации ти служат за популизам.
Тотално изместени од реалноста.
Потоа, си терате и понатаму деструктивни кампањи и лов на вештерки, во ситуација кога здравствената состојба е очајна, буквално катастрофална.
Спасувате економија додека во болниците се случуваат човечки драми, луѓе молат за влез, а знаеме, кој влезе 90% не ни излага.
Луѓе молат по социјални мрежи за плазма, за пари, за кислород, за лекови, вие спасувате економија.
Сите презедоа сериозни чекори и мерки, вие карате граѓани и спроведувате државен морализам.
Нема дечки, ова се вика воено профитерство, нема друг термин за вашето неодговорно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.