Откако Исламската верска заедница и Центаротза управување со кризи го осудија скандирањето „УЧК, УЧК“ на протестот во петокот за случајот „Монструм“, аналитичарот Ивор Мицковски посочи дека не е скандалот скандирањето, туку секој дефокус од одговорноста и лагите на Заев за случајот Монструм, и тоа е можеби најгадното во целата работа.
Стојанче и Реисот го осудиле УЧК.
Не заболе таквото за скандирањето УЧК, тоа ви е само дефокус со нешто што е преминато во естраден фолклор.
Вистинското прашање е како и зошто групи од една етничка заедница си дозволуваат секој пат да оспоруваат Суд и Обвинителство, правни постапки, институции на државата.
Зошто институциите на ред и безбедност повторно дејствуваа селективно(знаеме зошто), ама тоа значи да не се палат друг пат да расчистуваат толпа само кога ќе добијат наредба од горе.
Трето, ви одговара сега секоја хајка против Судството и Обвинителство, но така сами си пукате во нога и ја подривата државата.
Уште колку долго мислите да се вадите на режимот, уште колку години, уште колку ваши киксови и пропаднати ветувања?!
Конечно, ви одговара секој дефокус од одговорноста и лагите на Заев за случајот Монструм, и тоа е можеби најгадното во целата работа – напиша Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.