Може ли да запре веќе психодрамава со Софија, прашува активистот Ивор Мицковски, додавајќи дека чувме сè што треба и повеќе, одговоривме, сите излегоа со став, сè е јасно, нема што повеќе да се гушиме.
Може ли наши медиуми повеќе да не ги пренесуваат нивните изјави?!
Пошто очигледно е дека нашата Влада нема намера да одговори на оваа агресија и секојдневно навредување, кои во нормални услови би предвиделе барем повлекување на амбасадор и замрзнување на односите.
Ете ви го Бучко таму и нека си седи, и онака тајно преговарате, нека слугите на Заев си ја туркаат работата.
И онака никого не слушате, ниту прашувате, ослободете нè барем од замарање што мислеле оние пред кои кај се испруживте, кај се изналижавте, уште пак ве измочаа на ладно.
Ама вас да ве мочаат е во ред, што мора цела држава и народ да биде мочана.
Терајте тивко и тајно, како што и правите, или преземете одговорност за ова непријателство кое го дозволувате врз нашата земја, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.