Гледајте им го паметот на власта и на нивните гавази, доволно е еден политичар и една државна институција да изрази реален, објективен и надпартиски став, за веднаш да се активира целата болумента и да фрла со дрва и камења против него, вели Ивор Мицковски.

Тоа кажува колку се скарани со реалноста, колку не им е при срце реалната состојба и интересот на граѓаните, колку се неспособни да поднесат критика и колку се грижат само за себе и своите криминали и интереси.
Ваква Влада и вакви апологети се непријатели на народот, на државата и на вистината, смета Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.