Ивор Мицковски револтиран пишува дека живееме во квази-држава која наместо со вистинска, се занимава со „преварантска политика со купи ден – продај ден политики“.

Според него, тоа е соодветна слика за 1 Април.

20 илјади Спутник од Србија.
Како што пред некој ден навестив сомнеж во континуитетот на сериозни пратки вакцини, се потврди дека ќе се вадиме со ситни донации од регионот.
Ова е мачкање очи, да, подобро од ништо, но не е нешто што гарантира континуитет и сериозен процес на вакцинација.
Србија веќе покри 28 илјади вакцини, ако ги земеме плус и нашите што се вакцинираа таму, ќе видиме дека каква-таква вакцинација имаме само благодарение на Белград.
Сами не најдовме ништо, не постигнавме договори и се уште немаме сериозна пратка, освен симболичната 24к од Ковакс.
Вака работи квази-држава и преварантска политика со купи ден – продај ден политики.
Баш соодветна слика за 1 Април, пишува Мицковски.

20 илјади Спутник од Србија.
Како што пред некој ден навестив сомнеж во континуитетот на сериозни пратки вакцини, се…

Posted by Ivor Mickovski on Thursday, 1 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.