Се греши кога се тврди дека Бугарија се бави само со историјата и само со минатото. Се бави и со политика и со иднината, смета активистот Ивор Мицковски.
Според него, барањето Бугарите да влезат во Уставот и Македонците со бугарски пасоши да бидат попишани како Бугари е политичка операција која доколку и успее на Софија ќе се претвори во ембрионална бугарска ДУИ.
Треба човек да е будала за да мисли дека Софија нема политичко-партиски амбиции во Македонија, кои иако нема да соодејствуваат на реалните состојби, во едно клиентелистичко и поделено општество како нашето, секако дека ќе и дадат резултати на Софија и средство за внатрешно политичко влијание во Македонија, вели Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.