Ја гледате ли системската предиспозиција на нашите властодршци и нивната полтронска свита.

Банда газолизачи и култори на личноста: Заев лично координирал, Спасовски го насамари Мијалков – цело време еден-двајца херои ја спасуваат и прават силна државата.

Но, знаете ли што ја прави силна една држава?!

Не ја прават овие просеравања, ниту неколку платени апологети.
Силната држава и системот ја прават сите оние бројни луѓе, службеници на државата кои секојдневно работат за нејзино добро.

Државата ја прават дипломатите, обвинителите, судиите, војниците, полицајците, функционерите, учителите, лекарите и многу други кои совесно и тивко си ја работат дневната работа без ловорики на главата.

Системот би бил добар кога без разлика на тоа кој е премиер или министер (кои во нормални држави си одат и доаѓаат, и не се вечни) јавниот апарат ќе функционира, ќе се формира, регенерира, реформира и подобрува и сам од себе, затоа што здраво ќе биде поставен.

Знаете ние до каде сме со тоа и колку всушност сме далеку од такво нешто?!

Е па ете ви одговор зошто постојан херој ни е Заев, а епизодиски Спасовски.
Тоа е нивниот ментален и системски хоризонт – коментира аналитичарот Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.