По изјавата на премиерот Зоран Заев дека имало предност што државата доцни со вакцинирањето на граѓаните, со реакција во јавноста се огласи аналитичарот Ивор Мицковски.

Тачно е, во предност сме што доцниме со вакцинација, пример, предничиме во стапка на смртност и имаме преку 3500 мртви предност пред некои земји. Вака глупа изјава може да даде само автентично глуп човек, на кој тоа рачето на срце му е тик, а не израз на некаква емоција. Починатите и нивните семејства заслужуваат поголема консидерација од оваа глупоча, или ако веќе не може да се каже или направи нешто паметно, барем да се молчи. Да, властите имаа шанса да замолчат на темава – коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.