Аналитичарот Ивор Мицковски, ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, дека имало тивок бојкот на пописот.

Симовски вика дека имало тивок бојкот на пописот во дијаспората.

Сакате да кажете дека некој друг направил поголема, посилна и подобра кампања од државата за попис?!

Хмм, звучи како неспособност.

Инаку, што се однесува до бојкот, не знам дали ќе го има, ама со ова темпо на заразеност, со вакви лоши бројки и со никакви мерки, да не збориме вакцини, тешко дека некој дома ќе ви се попише.

Може да ви се попишаат на листовите – коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.