Сега сте тотално соголени, цело време глуматате, а ништо не работите, пишува на фејсбук Ивор Мицковски, политички аналитичар и поранешен член на раководството на СДСМ, коментирајќи го пресот на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи кој го обвини системот дека е виновен за бегството на Сашо Мијалков.
Уште си дозволуваат да зборат за правда, да се вадат на системски проблеми од претходниците кои намерно не ги решаваат, туку само го презедоа системот.
Ви реков, сега сте тотално соголени, цела власт е ваша, вие сте режимот нормализиран, вие се изедначивте со него и дури сте полоши, понеспособни, подрски и полажни, затоа што цело време глуматате, а ништо не работите.
Сите знаат што правите, сите знаат, само премногу души се корумпирани и платени, а премногу други разочарани и апатични.
Но, ќе завршат и парите, а ќе заврши и апатијата, од тоа нема бегање, напиша Мицковски.
Уште си дозволуваат да зборат за правда, да се вадат на системски проблеми од претходниците кои намерно не ги решаваат,…
Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 23 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.