Ајде сеа и вие не плачете и не губите повеќе време, готово е, ви пропадна работата, сега остајте го ДУИ да му стави биста на Кастриот Реџепи до Хасан Приштина, коментира Ивор Мицковски.
На денешната седница за гласање на доверба на влада не се појави Кастриот Реџепи од Беса, зошто, како што тврди тој, од високи претставници на ЕУ и САД добил силни сигнали дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.
„Република“ ја праша портпаролката на ЕК Ана Писонеро дали е точно дека пратеникот на Беса од високи дипломати на ЕУ добил сигнали дека Македонија ќе добие датум за преговори и оти затоа не се појавил во Собранието. Ја прашавме Писонеро кои се тие димпомати и дали навистина ќе почнеме преговори.
На сето ова од неа добивме одговор дека ја следат ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.