Не знам зошто се мачат, прават мутњаци со молења, па одолговлекувања, па до декември, па консултации. Сè е тоа евтина глума, кога некој сака да си даде оставка се решава тоа за два-три дена. Ако на срце му е итноста и интересот на државата и граѓаните, коментира Ивор Мицковски за најавената оставка на Зоран Заев, која никако да стигне во Собранието.

Така да, нема што да се губи време на таа тема и нема морален до пола и на зборови-историски одлуки ама со пола уста.
Ново мнозинство кај нас има логика само ако се состави некоја техничка или експертска Влада или Голема коалиција која би ги сочинувала сите политички актери освен ДУИ. Албански преставници ќе има доволно и без нив.
Ако таква Влада водена од сериозен човек околу кој би се договориле и обединиле партиите се покаже како добро искуство, нека го тера цел мандат, под услов партиите да не си играат “сите во власт, ама сите опозиционери”.
Ако не иде и снема мнозинство тогаш нека идат на предвремени.
Во спротивно, нека си продолжи Зоки со Али и нека си ја заокружат оваа лоша приказна која си ја тераат, евентуално нешто ќе мора да подобрат, инаку повторно не им гине недоверба, ново мнозинство или предвремени.
Втора работа е што командантот не бега од брод што тоне, него последен останува, а овој богами пушта вода од сите страни.
Значи, или асална Влада која нема да биде постојано уценувана од ДУИ или нови избори со надеж дека некоја идна коалиција конечно ќе ги испрати во опозиција, смета Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.