Ако сакавте да нè убиете во поим и да докажете дека нема граници на партискиот интерес и прагматичност – честитки, успеавте, вели активистот Ивор Мицковски, коментирајќи го новиот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти кој вчера по скратена постапка беше изгласан во Собранието, а со кој се дозволува легализирање на дивоградби дури и во националните паркови или покрај извори за вода за пиење.

Со законот се отвара пат гаражи, остави и базени кои сопствениците ги граделе без дозвола, како и дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство, да можат да се легализираат.
Легализација ќе биде дозволена и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.
СДСМ на Заев и кланот копитски е полош дури и од ВМРО, зошто цело време симулираат и глуматаат правна држава и подобри политики, кога во суштина само ја доспроведуваат катастрофата вмровска.
Ако сакавте да не убиете во поим и да докажете дека нема граници на партискиот интерес и прагматичност, честитки, успеавте.
Каква сељачана еееј, стока стокосана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.