Работите по Зоки ќе останат исти ко пред Зоки, како што исти беа и за време на Зоки.
Треба да се сруши ДУИ, да се сруши хибриден режим, да се уништи ова криминално друштво и тендерско-коруптивна коалиција која предизвикува смрт и несреќи, додека не знае за одговорност, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Разликата е што денес ДУИ е воскреснат и уште помоќен и уште повеќе навлезен во секоја институција и секоја пора од општеството. Трулиот систем во кој функционираат со секој македонски партнер е нормализиран, ослободен од секаква одговорност и контрола, издигнат над Уставот и законите, правдата и здравиот разум. 

ВМРО е исто нормализирано и рехабилитирано и тоа повторно е заслуга на оваа власт.

 

Дури и последниот потег во ова неславно владеење му е повторно на штета на институциите, на штета на правната држава, еден мизерен пазар со цел да се купи некој месец власт повеќе.

 

Можеби единствено добро му е што со себе во падот ќе го повлече и својот партнер моторџија – пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.