Германија врши притисок врз Бугарија, вели Каракачанов.
Каракачанов сака да ја претстави ситуацијата дека Берлин врши притисок врз Бугарија заради Македонија, но тоа не е целосно точно.
Поточно е следново.
Во Бугарија веќе 100 дена се протестира на улиците поради криминалот и корупцијата на актуелните власти.
Тоа го препознава и Брисел и Берлин.
Бугарија важи за мафијашка држава, и единственото нешто што засега ги спасува од посериозни реперкусии и нивно сместување на рангот на антидемократски држави како Полска и Унгарија е што ГЕРБ е членка на ЕПП и се уште уживаат некаква заштита од Меркел.
Но, што поради домашните криминали, што поради иживувањето врз Македонија, токму Берлин врши и ќе врши притисок врз Софија да се смени политичката врхушка и нивните лоши политики.
Така да, не е само заради Македонија притисокот Каракачанов, заради тебе и братот Бојко е.
Евентуално тоа ќе стане јасно за сите, како што ви е јасно и на вас, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.