Приметувате како бројките полека растат, ќе рече некој смешно, ама секој пат беше така, полека, па одеднаш експоненцијално, коментира активистот Ивор Мицковски, додавајќи дека септември-ноември ќе биде плачење.

Степенот на вакцинација е низок, што поради луѓето, што поради слабата организација.
Како и да е, како и во соседна Србија ќе застанеме некаде на 40% и толку ќе биде.
Државите треба да почнат да размислуваат на храбри и донекаде непопуларни политики.
Јебеш антиваксери и загрижени душички од вакцини, правиш задолжителна вакцинација и само тако можеш да се надеваш дека ќе покриеш доволно голем процент на луѓе, смета тој.

Во спротивно, предлага Мицковски, кој не сака да се вакцинира ќе мора да прифати ограничувања на своите права и слободи, зошто не може заради неодговорните со години да испаштаат и одговорните.

Ама од друга страна пак, на оваа кукавичка и воено профитерска власт и одговора да бидеме сјебани, презадолжени, во перманентна кризна состојба за они да можат да продолжат да владеат со декрети, да делат пари нетранспаретно, да прават договори во 4 очи, да крадат и лево и десно, вели Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.