Од овој момент единствениот режим сте вие, им се обраќа на власта активистот Ивор Мицковски и додава „Нема длабока држава, нема паралелна мафија, нема криминалци надвор од важите кругови, мафијата е државата, а државата сте вие.
Вие сте контиунитет на криминалната држава, вие сте нормализатори на режимот, вие сте продолжувачи на делото и тоа двојно, сами по себе и преку амнестирање на претходниците.
Вие сте само и нема друга сила, моќ, организација, институција која е над вас или рамо до раме со вас. Со ДУИ сте исто, како што беше и Грујо, но вие сте дури и повеќе помирливи и поприфатливи кон нивните забегани барања и киднапирање на државата.
Што значи, киднаперите сте вие.
Вие сте се во оваа земја и како таков тоталитет, се зависи од вас.
Во такви случаи, секој успех и секој неуспех може да ви се препише само на вас и на никој друг.
Заебете приказни за плурализам и поделба на власта, тоа и малите деца знаат дека не постои освен во вашите лаги и демагогии.
Така да, прифатете одговорност или прифатете дека сте државна мафија, режим, господари на оваа напатена земја.
Доста е глуматање, Царот одамна е гол, пишива Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.