Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски смета дека е потребна кривична одговорност и дека одлуката на министерот за здравство Венко Филипче да биде разрешен гинеколог и директор на болницата во Струга д-р Мухамед Асани е задоцнета и парцијална.
Д-р Асани по неколку месеци молчење се огласи на Фејсбук по повод неговото разрешување од директорското место во струшката болница поради случајот со медицинската сестра од Дебар, Јилдз Веапоска, која по породувањето остана без матка, бубрег и јајник.
Асани порача дека неговата совест е чиста и дека постапил согласно протоколите, а дека одредени портали го обвинуваат како да направил криминал.
Асани сега се правда, сега не молчи, туку се жали, се повикува на некаква чест.
Лекарска комора се избрука за овој човек, Министерство за здравство и Филипче се избрукаа за овој човек, самиот се брукал што постојано и додевал на оштетената, и цело тоа време си го преќуте, мислејќи дека така полесно ќе помине.
Тежок синдром е тоа кај нас, не дигај џева – ќе помине, ќутенката и терај, па се јавуваат да се бранат откако нешто ќе изгубат.
Тој што му е чиста совеста е во постојана борба, со себе, со околината, со јавноста, не чека и не тактизира, се брани себе од старт зошто брани принципи, не ќути и не се крие мислејќи дека бурата ќе го одмине.
Потребна е кривична одговорност, никој не е задоволен со оваа задоцнета и парцијална одлука, пишува Мицковски.
Асани сега се правда, сега не молчи, туку се жали, се повикува на некаква чест.
Лекарска комора се избрука за овој…Posted by Ivor Mickovski on Thursday, 18 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.