Помеѓу две трагедии и катастрофи на нашата нефункционална политика и институции, на корифеите на власта им се разбуди критичката свест за Охрид, за дрвата, за дивоградбите, за Унеско, за екологијата и загаденоста и остали работи кои до вчера за нив беа невидливи, пишува Ивор Мицковски на својот фејсбук профил.

Одговорноста на власта пак и понатаму им останува слепа точка и не смеат ни да писнат, а како би писнале кога се на платен список со години.

Тоа не ги оправдува актуелните катастрофални грешки со сечата и дивоградбите во Охрид на пример, но дајте зачепете се вие што ќутевте додека оваа власт 5 години манипулираше со Охридскиот регион, го лажеше УНЕСКО и криеше документи по фиоки, додека седеше во скутот на ДУИ и ги бранеше нивните уништувачи на езерото и регионот како Нефи и Мерко.

Вие и вашиот лидер ги легитимиравте дивоградбите, базните станици, пицериите во центарот на Охрид и што очекувате сега кога дојдоа другите гладни кои видоа како лесно го шиткате јавниот интерес.

Зачепете, немате право да плачете и политички да се активирате само со цел да дефокусирате, пошто до таму ви значат проблемите за кои се збори со години.

И знаете колку дрва се исекоа со Марин, со Лимак што Шилегов го украде од Коце или Ист гејт каде има дуќанче на туѓо име?! Знаете колку ќе се исече допрва со Треска или како се легитимираше нелегален ДУП кај Холидеј Ин. Знаете ли колку изгоре со пожарите за кои оваа власт беше неспремна и колку допрва ќе се изгорат затоа што останавме без струја и вода во време на енергетска криза? Стотици илјадници тони кои вие ги преспавте и за кои бевте задолжени да релативизирате.

Или знаете ли колку згради никнаа во Карпош кој требаше да има мораториум, што се случува во Капиштец или на Водно, Црниче и Пржино.

Курац знаете затоа што ги преспавте и премолчивте сите криминали на вашите и сега ќе се будите пред оние на другите.

Се додека има власт која едно збори во опозиција, а друго прави еднаш на власт, ќе има полтрончиња кои таа дегенерација ќе мора да ја оправдаат и нормализираат. Тоа ја прави секоја власт полоша од претходната, а нејзините слуги само помизерни.

И така не е прашањето колку сте исти, нешто што така силно душевно ве мачи, него нас што не заболе таквото за гниди ко вас, колку исто ни се фаќа во реалниот живот.

Иста катастрофа, иста мизерија и трагедија, иста нефукционалност, иста беспарица и бесперспективност, иста неодговорност, била едната или другата партија во коалиција со ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.