Последниве недели бизнисот плаче по немањето работници – пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Како викаат, најголем проблем е миграцијата на работната сила. Не на човекот кој преживува, кој не може да добие соодветна ремунерација за својот труд, не човекот што нема услови за достоинствен живот, не младите оставени со никакво образование и без перспектива, не вечниот прекаријат, туку работната сила им мигрирала.
И пак ми текнуваат она бројкине. 500 илјади луѓе се надвор од пазарот на труд, 100 илјади млади, ниту учат, ниту работат.
Знаете како се вика тоа?! Се вика депресија, убиени во поим, луѓе без можности, без душа, без школо, без ништо, Епа не сакаат ни да работат. А кој нормален тука сака да црнчи за газди и феудалци?!
И тие луѓе си имаат некоја вина, ама поголемата вина е на оваа вечна транзиција, себична политика и упропастено општество.
Сега ќе субвенционираат администрација да работи приватно. Сега бизнисот ќе моли да се мисли на школството, сега ќе увезуваат илегално Филипинки и Иранци да шијат или градат згради.
Касните дечки, ја исцицавте душата на овој народ и почвата, водата, воздухот на оваа земја. Пола држава зјае празна, немаме едно живо село, индустријата ни е Ливерпул 1850, ама битно економијата брилирала според Владата.
Ах која фејк држава со колку реални проблеми- пишува Мицковски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.