СДСМ: Никој веќе не зборува за загаден воздух во Скопје.
Цела Македонија загадена, објаснуваа дека домаќинствата биле одговорни.
Го исекоа Водно за криминален гасовод по проект на Грујо, нигде гас нема.
Се градат 20 катници кај Јужен по проект на Грујо, се копа 3 години ко луди, требаше улица да направат, ни улица ни курац.
Се сечат дрва во центар на град, додека мачкаат очи со зеленило на кровови фрлено со бусен и некои гранчиња во саксија.
Ќе градат криминално, и кај Холидеј Ин и кај Треска, и во Кисела Вода, и во Гази Баба, секаде помогнати од експерти, архитекти и проектанти кои требаше да го демонтираат СК2014, кога уствари само го продолжија со друго лице.
Поголеми преваранти од овие не се случиле – пишува аналитичарот Ивор Мицковски.

Денеска е алармантна состојбата со загадениот воздух низ целата земја, особено во главниот град. Во центарот на градот особено кај Ректоратот попладнево се измерени 985 микрограми на метар кубе. Слична е мапата и во повеќе градови низ земјава каде со црвена боја се обоени Гостивар, Лазарополе, Струмица, Кичево и Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.